Бијонсе синоќа имала необичен ангажман, а станува збор за настап на раскошна забава во пресрет на свадбата на ќерката на индиски милијардер, која ќе се одржи оваа седмица.
Имено, Иша Амбани, ќерката на еден од најбогатите мажи во Индија, во среда ќе се омажи за Ананда Пирамала, син на друг индиски милијардер.
Со оглед на тоа дека традиционалната индиска прослава вклучува бројни свечени церемонии и ритуали пред и после официјалната свадба, Бијонсе беше дел од вечерта исполнета со музика и танцови која обично му претходи на венчавката.
Американската дива била една од бројните славни личности кои се нашле на оваа прослава, заедно со ѕвездите од Боливуд и гостите како што е Хилари Клинтон.
Бијонсе на Инстаграм сподели фотографија од синоќешниот настап на кој изгледаше како вистинска Индијка во традиционална индиска облека.
Официјалната венчавка на ќерката и синот на бизнис тајкуните ќе се одржи во среда оваа седмица. Се верува дека ова ќе биде најгламурозната венчавка досега, а на церемонијата ќе присуствуваат бројни славни личности и богаташи од целиот свет.