Пет интересни факти за градот во кој бесплатно се јаде од 19 до 21 часот

Точка

10/12/2018

15:35

7.542

Големина на фонт

а а а

Секоја вечер во овој град, од 19 до 21 часот е време за аперитив, кога баровите и кафулињата им нудат бесплатна храна на оние кои нарачале некаков алкохолен пијалак.

Еве уште неколку интересни факти за популарната италијанска метропола - Милано. 

1. Милано е вториот најголем град во Италија, а прв по количина и висина на облакодери во оваа земја.


2. Миланската Ла Скала е една од најголемите оперски куќи во Европа, а се вбројува и меѓу најпознатите во светот. Во неа, секоја вечер повеќе од 2 илјади гледачи следат опера.


3. Во црквата Света Марија во Милано се наоѓа оригиналниот мурал "Последната вечера" од Леонардо да Винчи.


4. Миланската катедрала се простира на 11.700 квадратни метри и се смета за четврта најголема катедрала во светот.


5. Во 1883 година, Џузепе Верди сакал да се запише на Миланскиот конзерваториум, но го одбиле на приемниот испит велејќи дека нема музички талент и дека не знае да свири клавир. Денес, ова место го носи неговото име.




Спонзорирани линкови

Маркетинг