Мајка ја продала невиноста на 13-годишната ќерка на богат педофил: Случајот го згрозил светот, а сега е осудена на срамна казна

Точка

10/12/2018

15:08

7.515

Големина на фонт

а а а

35-годишната Русинка Ирина Гладкик, која вниманието на светските медиуми го привлекла по обидот да ја продаде невиноста на својата 13-годишна ќерка на богаташ за милион и пол рубљи, е осудена на четири и пол години затвор.

Мајката, која како што пишува на социјалните мрежи, работи како агент за продажба на недвижнини, била уапсена во заседа заедно со своја пријателка. 

Ирина и нејзината пријателка одлетале од Чељабинск во Москва со малолетното девојче, за да ја продадат нејзината невиност на богат клиент за 19.000 долари.

Мајката го признала злосторството по испрашувањето, на шокантната снимка која ја објавило Министерството за внатрешни работи на Русија.

"Дојдовме во Москва да го запознаеме богаташот кој би ни платил за сексуални услуги од мојата ќерка", рекла мајката.

25-годишната пријателка на Ирина рекла дека целта на патувањето било продажба на правата на првата ноќ на девојчето. Мајката и нејзината пријателка биле уапсени во еден ресторан во Москва.

Таа не знаела дека преговара со полициски службеник за продажба на невиноста на својата ќерка. Кога ги земала парите, мајката била уапсена. Девојчето е згрижено откако било пренесено во московска болница.

"Ирина Гладкик има и син. Таа и нејзината пријателка заработуваат од продажба на своите тела", рекол извор од полицијата, иако Ирина официјално е агент за недвижнини.

Таа исто така била и една од натпреварувачките за Мис во Чељабинск.




Спонзорирани линкови

Маркетинг