Се чека само наредба за напад! Одбрана на Донбас: Украина на 14-ти декември трга во офанзива! Еве која сила оди на народот и каков е пеколниот план

Точка

10/12/2018

15:14

7.727

Големина на фонт

а а а

Разузнавачката служба на самопрогласената Доњецка Народна Република добила непобојни докази дека украинската војска се подготвува на 14-ти декември да го нападне Донбас од насока на Маријупољ.

Информацијата од проверени извори во целост ја открива замислата на украинската армија. 

Едуард Басарин, заменик началник на Управата на Народната милиција на ДНР, вели дека целта на украинската офанзива е заземање на Новоазовскиот и Телјамановскиот реон и воспоставување на контрола над границата меѓу ДНР и Русија во областа на населените места Коњково и Холодноје.

"Противничката ударна сила ја сочинуваат околу 12.000 војници, распоредени долж линијата на разграничување во реонот на населбите Новотроцикоје, Широкино и Равнопољ", вели Басарин. Таму се сконцентрирани повеќе од 50 тенкови, 40 ракетни системи и околу 180 минофрлачи и артилериски оружја.

"Првиот ешалон го сочинуваат 128-та брдско-јуришна и 79-та десантно-јуришна бригада. Во вториот ешалон се 56-тата бригада на моторизираната пешадија и 36-тата бригада на морнаричката пешадија", вели тој.

##https://twitter.com/NewsVan_/status/1072080292712800256##

Основата на артилериската група ја сочинуваат две дивизии на 27-та артилериска бригада и ракетна дивизија од 15-тиот артилериски пук. Кај населбата Володарскоје веќе се префрлени 12 единици од 40-тата артилериска бригада.

Се наведува дека во офанзивата ќе учествува и пукот Азов, озлогласен поради тоа што е сочинет од екстремни десничари и фашисти.

Офанзивата треба да почне на 14-ти декември со артилериски напад, а следниот ден почнува и пешадискиот напад од областа Гранитноје-Широкино во насока од населениот пункт Климкино, од каде ќе се избие кон Коњково и Холодноје и границата меѓу ДНР и Русија.

Азов треба да настапи кога пешадијата ќе ја зазема таа област, а задача му е да ги "исчисти" преземените населби. Можно е да им помагаат и дронови.

Повод за нападот на ДНР ќе биде исцениран хемиски напад во металуршкиот комбинат "Илјич" во Маријупољ, каде се складирани големи количини на амонијак, кои можат да загадат област од 15 квадратни километри.

"Им се обраќам на жителите на Маријупољ. Браќа и сестри, зголемете ја будноста. Ако не успееме да ја спречиме диверзијата на SBU, не паничете. Сочувајте го мирот. Обидете се во перидот 11.12 - 14.12 да не се приближувате до објекти во кои постојат хемиски средства како хлор, амонијак и друго. Чувајте ги децата", ги советува Басарин сонародниците.




Спонзорирани линкови

Маркетинг