Истетовирала кинески симбол пред 20 години, па останала збунета после разговор со Кинез

Точка

10/12/2018

21:52

14.170

Големина на фонт

а а а

Даниела Коли пред 20 години кога истетовирала кинески симбол на горниот дел од грбот, мислела дека тоа значи „интегритет“, но останала збунета 20 години подоцна.

Разговорот за непријатната вистина бил сосема случаен за време на состанок со кинески лекар. „Дали тоа е кинески симбол“, ја прашал тој. Таа потврдила, а потоа тој ја прашал дали може да погледне малку подобро.

„Што значи тетоважава?“, прашал тој. Таа му го кажала кинескиот збор, а потоа го превела - интегритет.

„Мислиш дека тоа значи?“, продолжил тој, а неа низ главата ѝ поминале визии од „глупави луѓе кои тетовираат нешто без да истражат што значи.“ „Сакате да кажете дека не значи тоа?“, го прашала Даниела.


„Дозволете ми да погледнам уште еднаш“, рекол тој. Потоа се насмеал, а таа инсистирала да ѝ открие за што станува збор. Според нејзините зборови, следните неколку минути било непријатно. Кинезот се зацрвенил и се обидел да ѝ даде до знаење за што станува збор.

„Сè уште пишува 'интегритет', ако погледнете малку подобро“, рекол тој. Се испоставило дека тетоважата која е стара 20 години, под влијание на сонцето се променила малку во изгледот, но многу во значењето.“

„Дали е задник?“, го прашала.
- „Не, не е задник“, одговорил тој. 
„Пенис?“ 
- „Не.“ 
„Вагина?“
- „Не можам да кажам“, ѝ одговорил тој и тука застанал разговорот, а таа сега е уверена дека има истетовирано нешто што има врска со женски полов орган. 

##https://twitter.com/theholsbys/status/845016913843572736##

 

Даниела објаснила дека точно се сеќава на моментите кога одлучила да истетовира „интегритет“ на своето тело. Била во раните 20-ти години и во автобус во Индија размислувала дали може да биде подобра личност. Тогаш работела во барови, со пијани луѓе, а често и самата таа пиела.

Еден ден, колешката со која со месеци работела, ја фатиле во ситна кражба, а таа била во шок кога дознала дека нејзината пријателка е крадец. Размислувала за тоа и одлучила да биде подобра личност, па затоа на телото истетовирала збор кој ќе ја потсетува како треба да живее.

Кога ѝ кажала на својата мајка што ќе направи, таа се расплакала и ја направила истата тетоважа. Но, Даниела вели дека нејзината тетоважа сè уште е во речиси совршена состојба. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг