Над 30 сообраќајки за три дена во Скопје

Макфакс

10/12/2018

12:11

844

Големина на фонт

а а а

Во текот на изминатите три дена во Скопје се случиле 34 сообраќајни незгоди, соопшти МВР.

При сообраќајните незгоди две лица починале, две се здобиле со тешки телесни повреди и 29 со лесни телесни повреди. 180 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 60 возачи бидејќи 21 го управувале возилото под дејство на алкохол, 33 пред да се стекнат со право на управување на моторно возило и шест биле возачи почетници. 26 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се и 11 возачи кои поминале на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци, двајца неправилно се престроиле, двајца неправилно престигнувале и 27 не поседувале зимска опрема во возилата. Во текот на изминатиот викенд санкционирани се и двајца пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин и шест кои поминале на црвено светло. Во текот на изминатите денови издадени се 125 мандатни платни налози, додека исто така 74 возила се подигнати со „пајак”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг