Тешка сообраќајка кај Стража, четири лица потешко повредени

Макфакс

10/12/2018

12:09

1.210

Големина на фонт

а а а

На магистралниот пат Гостивар – Кичево, кај планински превој Стража, вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу две возила со тетовски и скопски регистерски ознаки.

Во возилата имало четири лица, двајцата возачи и нивните сопатници, кои по незгодата со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Клиничката болница во Тетово, каде што им е укажана лекарска помош.

Четворицата се здобиле со тешки телесни повреди, поради што oд Тетово биле пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг