Оваа поранешна југословенска република има дури 752 стогодишници

Точка

10/12/2018

11:27

4.191

Големина на фонт

а а а

Во Босна и Херцеговина живеат 752 луѓе кои имаат сто или повеќе од сто години, а најстариот е 114-годишен жител на Сараево.

Повикувајќи се на податоците од Агенцијата за идентификација на документи, евиденција и размена на податоци во БиХ (IDDEEA), „Klix.ba“ пренесува дека во БиХ има многу повеќе жени кои имаат 100 или повеќе од 100 години.

„Од вкупниот број на стогодишници, 214 се мажи, а дури 538 жени“, изјавиле од Агенцијата.


Најмногу стогодишници живеат во Мостар (46), од кои 13 се мажи, а 33 жени. До пред два месеци, во БиХ живееле 769 луѓе постари од 100 години, и исто така жените кои наполниле сто или повеќе од сто години, биле двојно повеќе од мажите.

Порталот наведува дека најстариот маж во БиХ е роден на 25-ти септември, 1904-та година, и живее во Општина Стар Град Сараево.


Најстарата личност на светот е 115-годишната Кане Танака. Се верува дека најдолговечната личност на светот досега, била Французинката Жан Калмен, која живеела 122 години и 164 дена, потсетува „Klix.ba“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг