Продолжува да ги прекршува правилата: Меган Маркл сака да се породи во домашни услови

Точка

10/12/2018

10:52

3.383

Големина на фонт

а а а

Војвотката Меган Маркл планира да прекрши уште едно правило со најновата одлука да се породи дома, а тоа би можело да ги разлути членовите на кралското семејство, пренесува магазинот „Veniti fer“.

Изворите за „Veniti fer“ рекле дека Меган сака поинакво искуство од своето семејство и дека парот размислува за друга „опција“, наведувајќи дека можеби нема да го роди бебето во приватната болница, каде биле родени принцевите Вилијам и Хари и каде Кејт Мидлтон ги родила сите три деца.


Пациентите плаќаат повеќе од 7500 фунти за привилегии на пораѓајот во болницата „Lindo Wing“, каде на менито е и најубавиот шампањ.

Иако војвотката Кејт Мидлтон нормално одела во болница, Меган не го сака тоа, иако кралските правила налагаат така.


Таа сака да се породи дома по природен пат, а доколку тоа навистина се случи, ќе биде првата која го прекршила правилото, бидејќи и Кејт поради кралските обичаи одела три пати во болница, каде неколку часа подоцна позирала пред собраните фотографи.

Сè уште не е позната причината зошто Меган ја донела оваа одлука, но се шпекулира дека во прашање се фотографите кои таа сака да ги избегне. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг