Хан не верува дека Груевски ќе биде екстрадиран

Макфакс

10/12/2018

09:40

2.129

Големина на фонт

а а а

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан пред почетокот на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ изјави дека не е многу веројатно дека поранешниот премиер Никола Груевски ќе биде екстрадиран од Унгарија во Македонија.

Запрашан дали ги поддржува амандманите на Европскиот Парламент во извештајот за Македонија во кои се бара Унгарија да го врати Груевски во земјава, Хан рече: „Се надевам дека тоа ќе се случи, но не е многу веројатно бидејќи двете земји немаат спогодба, но ја разбирам позицијата на Европскиот Парламент“.

Тој додаде дека со министрите Никола Димитров и Радмила Шекеринска минатата недела разговарале за договорот од Преспа, како и за реформите кои треба да се спроведат за Македонија да добие позитивен извештај од Европската Комисија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг