Каракачанов: Нема поддршка ако цар Самоил е македонски цар

Нетпрес

10/12/2018

09:38

3.568

Големина на фонт

а а а

Во Скопје како да се подзабораваат. Не е лошо од време на време да ги вратиме на патот, истакна бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, во гостувањето на бугарскиот јавен сервис.

Повеќе од година и половина работев за договорот со Македонија. Но, по потпишувањето, гледам дека Скопје има една итра тактика – обиди да се наметне некаква идеја за македонски јазик и македонска свест. Нема зошто Бугарија да ја поддржува Македонија, а тие да тврдат дека цар Самоил е македонски цар. Како држава немаме никаков интерес да ја поддржуваме земјата да влегува во ЕУ, ако погрешно ги претставуваат историските факти, додаде Каракачанов.

Според бугарскиот министер, Македонија се обидува да се протурка во Европската Унија, потпишувајќи договори, додека пак европските вредности означуваат да не ја крадеш историјата на пријателите.

Ние не се мешаме во историјата на Македонија после 44-та година. Многу е просто. Потпишавме спорните историски прашања да се решаваат на основа на автентични документи. Ние Бугарите сме цареви за да си создаваме проблеми. Не можам да разберам каква е таа шизофренија во Скопје, заклучи Каракачанов.



Спонзорирани линкови

Маркетинг