Најопасниот аеродром во Европа: Поради честите несреќи пилотите поминуваат посебна обука за слетување

Точка

10/12/2018

21:52

9.622

Големина на фонт

а а а

Иако Мадеира е поблиску до Мароко, сепак припаѓа на Португалија, а поради прекрасните 180 километри крајбрежје, морето, прекрасните плажи и патишта, вреди да се посети.

Тоа што прво ќе го забележите на овој остров е големата површина со зеленило, па затоа често се нарекува Едемска градина. Сепак, пред да го видите сето она што ве очекува на Мадеира, ќе го искусите најопасниот аеродром на светот, кој името го добил по Кристијано Роналдо.

Аеродромот се наоѓа помеѓу планините и Атлантскиот океан, а на него се слетува строго според движења на стрелките на часовникот. За време на слетувањето, пилотите прво го вртат авионот кон планините, а потоа во последна минута, нагло свртуваат надесно.

Кога е времето убаво, тогаш пилотите немаат проблем, но кога дуваат силни ветрови, кои не се реткост во оваа област, на многумина не им е едноставно да гледаат како авионите се борат со лошото време.


Поради честите несреќи во минатото, пистата е проширена, но пилотите и понатаму поминуваат посебна обука пред да добијат дозвола да летаат на овој остров.




Спонзорирани линкови

Маркетинг