За прв пат во историјата е снимен звук на ветер на Марс, и тоа сосема случајно.
Сондата "InSight" на НАСА која слета на Црвената планета на 26-ти ноември е опремена со сеизмометар кој моментално се наоѓа на лендерот, а подоцна ќе биде спуштен на тлото со кој ќе се "слуша" внатрешноста на Марс.
Но, сеизмометарот сосема случајно "фатил" вибрации кои ги предизвикал ветрот, преминувајќи преку соларните панели на сондата, а научниците од НАСА веднаш реагирале и ја искористиле приликата за прв пат во историјата да снимат звук на ветер на Марс.
Ветрот на Марс кој можете да го чуете на снимката се движел со брзина од 16 до 24 километри на час, а ова била "трета среќа" кога станува збор за обид за снимање на звук на ветер на соседната планета. Науниците од НАСА во 1999 година за прв пат пробале да снимат сличен звук, но леталото "Mars Polar Lander" се уништило откако моторите му откажале непосредно пред слетувањето.
Вториот пат, леталото "Phoenix Lander" успешно дошло до тлото, но неговите инструменти се расипале по пат до Црвената планета.