Измени во статутот на ФФМ, кандидатот за претседател не мора да биде делегат

Макфакс

09/12/2018

17:50

1.753

Големина на фонт

а а а

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), едногласно, со 88 гласови на присутните делегати ги усвои промените на Статутот кои беа на дневниот ред на вонредното собрание кое попладнево се одржа во Хотел Инекс во Охрид.

Во следниот избор за претседател на ФФМ ќе може да се кандидира спортски работник кој оставил белег во македонскиот фудбал и е член на некој Општински фудбалски сојуз, а кој мора да биде делегат на Собранието. 

На вонредното собрание кое не траеше повеќе од еден час беа донесени уште неколку одлуки. ФФМ во иднина ќе може да има само еден потпретседател, а кандидатите за членови во собранието и претседателот не смее да имаат повеќе од 65 години. 

Преставник на УЕФА на вонредното собрание беше Денис Бастари, откако хрватската легенда и член на извршниот комитет на УЕФА, Давор Шукер не допатува во Охрид поради пропуштање на последниот авион.



Спонзорирани линкови

Маркетинг