Пронајдено телото на ќерката на милијардерот која исчезнала на пат околу светот: Полицијата верува дека ја убило момче кое само што го запознала

Точка

09/12/2018

17:40

9.018

Големина на фонт

а а а

Полицијата на Нов Зеланд пронашла тело за кое верува дека е исчезнатата британска туристка Грејс Милејн. Полицијата уапсила едно 26-годишно момче за кое постојат сомнежи дека го извршило убиството, а со кого Милејн договорила состанок преку Тиндер.

Грејс е ќерка на британски милионер од Есекс во Англија. Нејзе ѝ се изгубила секаква трага на први декември, кога пристигнала во Оукленд, една од станиците на нејзиното патување низ светот. Полицијата, преку прегледот на сигурносните камери утврдила дека таа последен пат била видена со еден маж пред хотел, а потоа ѝ се губи секаква трага. 


Неколку часа пред ова соопштение, полицијата верувала дека исчезнатата туристка е убиена. Инспекторот на окландската полиција Скот Бирд, изјавил дека моменталните докази укажуваат на тоа дека Грејс "не е повеќе жива".

Осомничениот се наоѓа во притвор, а пронајдено е и возилото за кое се смета дека во него била Милејн. Семејството на девојката е известено за новите полициски сознанија.


Нејзиниот татко, Дејвид Милејн, пристигнал на Нов Зеланд и одржал конференција за јавноста во која не можел да ги сокрие солзите.

"Последен пат се чувме на први декември и страшно сме загрижени. Таа е прекрасна, отворена, љубезна, ќерка која го обожува своето семејство", низ солзи изјавил Дејвид.



Спонзорирани линкови

Маркетинг