Вчера, Скопје повторно се искачи на врвот на најзагадени градови во светот.
Веб страницата "AirVisual" која ја објавува листата на најзагадени градови, го смести Скопје на првото место за најзагаден град во Европа, а петти по загаденост во светот. Пред Скопје се најдоа градовите Лахоре, Калкута, Делхи и Дака.
Скопје е најзагаден град во Европа. И без податоци од двете мерни станици во најзагадените општини кои веќе неколку месеци не работат, Скопје континуирано е во врвот на најзагадени градови во Европа.
После два дена во кој воздухот беше почист поради ветерот, повторно се враќа загаденоста во Скопје коja веќе подолго време е алармантнa. Но, и во другите градови од Македонија, ситуацијата е слична – во четвртокот во Битола против високото аерозагадување се одржаа и протести пред општината.