Скандал на врвот на пирамидата во Египет: Се искачиле, а потоа се фотографирале како имаат секс на една од најголемите светски атракции

Точка

09/12/2018

15:18

8.608

Големина на фонт

а а а

Египетската полиција покренала истрага откако еден дански пар се искачил на Кеопсовата пирамида во Гиза и се фотографирал гол во текот на нивниот сексуален однос на врвот од една од најголемите туристички атракции во земјата.

Министерот за културно наследство, Калед ал-Анани поднел кривична пријава против парот, известил весникот "Ал-Ахрам". 

На видео снимката се гледа како еден маж и жена се качуваат на врвот на Големата пирамида, а на крајот од видеото има фотографија на која тие позираат голи додека водат љубов.

Не се знае дали парот е сè уште во Египет.

Триминутната снимка која е објавена на Јутјуб предизвикала огорченост кај Египќаните.

"Скандал на врвот на пирамидата ...Како можеле да се качат? Сигурно ги подмитиле чуварите", напишал еден корисник на Твитер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг