Олимписка вицешампионка суспендирана поради допинг

Макфакс

09/12/2018

13:42

1.168

Големина на фонт

а а а

Мексиканската атлетичарка, Лупита Гонсалес, привремено е суспендирана бидејќи била позитивна на анаболички стероид. Гонсалес инаку е олимписка вице-шампионка во брзо одење.

Единицата за интегритет на Меѓународната атлетска федерација (ИААФ), соопшти дека Гонсалес користела тренболон. 29-годишната Мексиканка се соочува со четиригодишна суспензија. 

Оваа атлетичарка во 2016 година, на Олимписките игри во Рио де Жанеиро, освои златен медал на трката на 20 километри во брзо одење. Најголемиот успех во кариерата и е златниот медал во истата дисциплина освоен на Светското првенство во Лондон во 2017 година.

Во кариерата има и златен медал освоен на Панамериканските игри во 2015 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг