Успешна адвокатка, сопруга и мајка: Амал Клуни конечно ги покажа близнаците

Точка

08/12/2018

19:38

6.209

Големина на фонт

а а а

Амал и Џорџ Клуни својот приватен живот го држат подалеку од очите на јавноста, а своите близнаци речиси и никогаш не ги покажале. Сепак, синоќа Амал се појави со Ела и Александар.

Таа е успешна адвокатка, сопруга на холивудскиот глумец и горда мајка на близнаци. 

40 годишната Амал Клуни, сопругата на Џорџ Клуни кои многумина ја сметаат за супер жена и поголема фраерка од нејзиниот сопруг, синоќа се појави со близнаците кои ги држеше во своите прегратки.


Иако парот често се појавува заедно во јавноста, своите деца ги кријат од неа. Но, Амал одлучи да направи исклучок, па на светот му ги претстави 1 годишните Ела и Александар. И додека Ела беше љубопитна за блицевите од многубројните фотоапарати, нејзиниот брат не беше толку воодушевен со гужвата и хистеријата која настана поради нив.


Имено, парот одби било каква семејна фотосесија за магазин, бидејќи веќе се изјасниле дека сакаат нивните деца да растат подалеку од очите на јавноста.




Спонзорирани линкови

Маркетинг