Дроновите на Google ја „напаѓаат“ Европа: Беспилотни летала ќе доставуваат храна

Точка

07/12/2018

17:38

2.433

Големина на фонт

а а а

После Австралија, компанијата Wing ќе започне со тестирање на достава со дронови и во Европа, а на почетокот ќе се доставуваат лекови, храна и други намирници потребни за едно домаќинство.

Една од многуте компании кои што развиваат достава со помош на беспилотни летала е Alphabet – челната компанија под чија капа се Google и Wing.

Wing веќе подолго време успешно тестира достава со дронови во Австралија каде што се забележани дури 55 илјади достави на лекови, кафе и други намирници потребни за едно домаќинство. После Австралија, од Wing планираат тестирањето на достава со дронови да го преселат и во Европа, а првата земја каде што беспилотни летала ќе носат намирници е Финска.


Тестирањето е најавено за почетокот на идната година, а Финска е избрана поради тоа што луѓето во оваа земја се отворени кон тестирањето и користењето на новите технологии.

Од Wing ги повикале Финците да им достават предлози за работи кои што би сакале да им бидат доставувани на домашна адреса од дронови. Доставата ќе се порачува преку мобилна апликација и за време на периодот на тестирање ќе биде целосно бесплатна.

Доколку ваквиот начин на достава се покаже како ефикасен, во иднина и поголем број на работи би можеле да се доставуваат со помош на дрон.


Сепак, пред Wing има низа на предизвици кои што првенствено се однесуваат на безбедноста на граѓаните, затоа што секогаш постои можност од пад на дронот или на предметите кои што се носат од страна на дронот.

На дел од тие прашања би требало да бидат дадени одговори токму со тестирањата во Финска и ќе биде интересно да се види како доставата со беспилотни летала на Wing ќе изгледа и во пракса.



Спонзорирани линкови

Маркетинг