Жесток одговор од Шведска: Polestar 1 ќе го засени фантастичниот BMW M8!

Точка

07/12/2018

16:49

4.095

Големина на фонт

а а а

Шведскиот бренд интензивно работи на детални тестирања во Кина, а целиот процес е веќе во напредна фаза.

Прототип изведбата Polestar 1 и натаму минува низ детални тестирања и еден вид на еволуција. Швеѓаните детално ја прегледуваат и оценуваат секоја компонента на возилото, за се да биде подготвено кон средината на 2019-та година кога официјално е најавено пристигнувањето на овој автомобил на пазарот.

Начинот на кој што Polestar 1 вози е еден од главните елементи во тестирањето според извршниот директор на компанијата, Томас Ингенлат.


Главниот тест возач на Polestar, Јоаким Ридхолм изјави: „Кога го возите Polestar 1, веднаш чувствувате дека ја имате целата контрола и дека автомобилот е подготвен да одговори на секоја ваша замисла, без оглед на тоа што сакате да сторите. Тоа е GT кој мора да биде едноставен за возење“.


Овој автомобил кој под хаубата има агрегат кој развива 600 коњски сили и 1000 Nm максимален обртен момент ќе биде главната конкуренција на BMW M8, а финалните тестирања се закажани за почетокот на 2019-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг