Рускиот гигант го претстави својот прв паметен телефон: Ова е Yandex Phone

Точка

07/12/2018

16:08

3.285

Големина на фонт

а а а

Најскапата руска ИТ компанија Yandex го претстави својот прв паметен телефон кој што веќе е пуштен во продажба.

Yandex Phone располага со LCD екран со HD резолуција и големина од 5,65 инчи, а работи на оперативниот систем Андроид 8.1. Опремен е со сензор за отпечатоци на прсти, а располага со интерна меморија од 64 GB и можност за надградба на меморијата со помош на microSD мемориска картичка.

Овој телефон кој што е развиен од руската компанија, но произведен во Кина ќе се продава по цена од 270 долари. Доаѓа со инсталирани апликации на Yandex за плаќање, слушање на музика, мапи и порачки на храна.


Yandex Phone ја претставува новата фаза во развојот на оваа компанија која што сака да се наметне на пазарот и да им конкурира на големите гиганти како што се Samsung, Apple и Huawei.

Инаку, компанијата Yandex стартуваше со работа во 90-тите години од минатиот век како пребарувач сличен на Google. Во меѓувреме, компанијата се прошири на сите делови од рускиот интернет преку бројни апликации кои што милиони Руси ги користат секојдневно.



Спонзорирани линкови

Маркетинг