Австралиска новинарка исфрлена од парламентот поради облеката која ја носела - гледате ли нешто спорно на фотографијата?

Точка

06/12/2018

21:34

7.782

Големина на фонт

а а а

Новинарката Патриша Карвелас била информирана дека мора да го напушти австралискиот парламент, бидејќи носела маица со кратки ракави која "покажувала премногу кожа".

Таа ја објавила ваквата информација на Твитер, заедно со фотографија на која позира во спорната облека. 

Карвелас за "ABC" изјавила дека членови од обезбедувањето дошле до неа со наредба да ги покрие рамената и да облече сако. Таа се спротивставила на барањето, а подоцна ѝ било наредено да го напушти парламентот.

Корисниците на социјалните мрежи коментирале дека ваквото правило е лудо и апсурдно и дека таквите маици се во согласност со професионалниот дрес-код во таа земја, во која сега е лето. На сајтот на австралискиот парламент се наведува дека одлуките кои се однесуваат на правилата на облекување во тој дом ги носи претседателот.

По ваквиот инцидент се огласил и самиот претседател на парламентот, Тони Смит, кој изјавил дека Карвелас не требало да биде отстранета од Собранието.

Набрзо, другите колешки во знак на солидарност кон споменатата новинарка започнале да носат слични маици додека известувале од австралискиот парламент.




Спонзорирани линкови

Маркетинг