Синот на Доналд Трамп наместо ѕвезда го постави својот татко на врвот на божиќното дрвце

Точка

06/12/2018

19:43

2.799

Големина на фонт

а а а

Ако мислите дека претседателот Доналд Трамп е лоша личност, тогаш веројатно мислите дека неговите деца се уште полоши. Синот на Трамп, Доналд Трамп Џуниор ја искористи сезоната на божиќните празници за да го промовира својот татко.

Доналд на својот Инстаграм профил објави фотографија на која се гледа дека на врвот на божиќното дрвце поставил фигура од својот татко. 

"Не можев да се одлучам помеѓу ангел или ѕвезда, па поради тоа ги одбрав двете", стои на фотографијата.

Многу негови пријатели ја исмеале оваа фотографија обвинувајќи го дека го искористува празникот Божиќ за да го промовира својот татко.

"Да, некој сака помилување за Божиќ", напиша еден од корисниците на Инстаграм алудирајќи на правната истрага која се води за претседателската кампања на Трамп. Други пак се запрашуваат како изгледаат божиќните дрвца во затвор.

Ова не е прв пат синот на претседателот да предизвика контроверзии на Инстаграм. Имено, тој е обвинет за исмејување на д-р Кристин Блејси Форд која поднесе тужба против судијата на Врховниот суд, Брет Кавано за сексуално злоставување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг