Најевтини дестинации за луѓето кои сакаат да купат куќа на море или планина

Точка

06/12/2018

19:28

5.104

Големина на фонт

а а а

Доколку отсекогаш сте сонувале за купување на викендичка во некое поубаво природно опкружување, тогаш ова е статијата за вас.

Имено, "Homes.com" е сајт кој ја покажува просечната цена на недвижнините во 36 земји ширум светот, а ви дозволува да видите каде можете да купите викендичка во склад со вашите примања. 

Порталот покажува дека Турција нуди најевтини плацеви веќе од 61 евро, а на листата следува Мексико од 79,88 евра, Русија од 106,83 евра, Латвија од 120,31 евро и Грција од 132,28 евра.


Најскапа е Швајцарија, каде цените се движат дури од 857 евра, а кога зборуваме за земји во кои можете да добиете вистинска вредност за помалку пари по квадратен метар и пониски комуналии, воочено е дека Турција и на ваквата листа е на првото место, со тоа што можете да купите стан од 68 квадратни метри за околу 15 илјади евра.

На второто место се Соединетите Американски Држави, каде за 39 илјади долари можете да купите стан од 62 квадратни метри, а на третото место се најде Словачка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг