Шпанска провокација: Дали оваа снимка најавува нова криза во Европа?

Точка

06/12/2018

20:39

6.834

Големина на фонт

а а а

Снимката од шпанските воени бродови, кои ја пуштале шпанската национална химна, гласно како провокација, додека пловеле покрај Гибралтар, се појавила во медиумите.

Снимката достапна за јавноста покажува дека "Инфанта Елена", корвета вооружена со автоматски топови и торпеда, плови покрај британската територија во вторникот. Нема докази дека снимката е оригинална, ниту дека музиката е отпосле додадена. 

Оваа снимка се појавува една недела по високите тензии меѓу Велика Британија и Шпанија околу британската прекуморска територија и нејзиниот статус по Брегзит.

Рибарот Николас Карнани, кој ја поставил снимката на Твитер, го опишал инцидентот како "инвазија на британските територијални води на Гибралтар".

Тој апелирал до властите на Велика Британија да "преземат мерки да го одбранат достоинството на нивното население". Министерството за надворешни работи уште не го коментирало инцидентот.

Шпанија тврди дека територијата е нејзина и акциите во овие територијални води се прилично чести, а понекогаш и предизвикуваат одговор од Кралската морнарица.

Во април Кралската морнарица испукала ракета како предупредување, кога проценила дека шпански брод премногу се доближил до британска нуклеарна подморница. Шпанската влада тврди дека таа територија треба да и се врати на Шпанија, политика усвоена во текот на ерата на Франко. Анкетите сепак покажуваат дека Гибралтар сака да остане во составот на Велика Британија. Минатиот месец, министерот за одбрана Гејвин Вилијамсон рекол дека Гибралтар секогаш ќе остане под знамето на кралицата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг