Исола: Трките не се здодевни поради гумите

КРУГ.МК

06/12/2018

18:01

211

Големина на фонт

а а а

Шефот на Пирели, Марио Исола, верува дека гумите не се единствената причина за невозбудливите Формула 1 трки сезоната и неможноста на возачите да возат на самиот лимит.

Шефовите на спортот се сконцентрирани на аеродинамички промени со цел подобрување на следењето и зголемување на бројот на претекнувања, но возачите сметаат дека годинава гумите многу негативно влијаеле. Прегревањето на пневматиците често ги приморуваше возачите да “олабават“ на трка и да бидат поконзервативни во изборот.

Марио Исола призна дека менаџирањето со гумите е клучно и потребно за да се избегне прегревањето, но според него постојат и други фактори кои влијаат на тркањето.

„СООЧЕНИ СО ПРОБЛЕМОТ ОД 21-22 СЕКУНДИ КОЛКУ ШТО Е ПОТРЕБНО ЗА МЕНУВАЊЕ НА ГУМИТЕ, ТИМОВИТЕ ПРЕФЕРИРААТ ДА ГИ ЗАБАВАТ ВОЗАЧИТЕ, НО ТОА НЕ Е САМО ПОРАДИ ГУМИТЕ ЗАТОА ШТО ИМА И ДРУГИ ОГРАНИЧУВАЊА КАКО МОТОРОТ И ПОТРОШУВАЧКАТА НА ГОРИВО. ЛИЧНО И ЈАС САКАМ ДА ГЛЕДАМ ВОЗАЧИ КОИ ПОВЕЌЕ НАПАЃААТ“, ПОЈАСНИ ИСОЛА ЗА AUTO HEBDO.

Пирели доби и нов договор со Формула 1 што значи дека ексклузивно ќе ја снабдува тркачката серија со гуми се до крајот на 2023 година, а Исола најави работа со екипите и возачите за да се одреди вистински избор на гуми следната година.

„МОЖНО Е ПРАВИЛАТА ДА НАЛОЖУВААТ МИНИМУМ ДВЕ ЗАСТАНУВАЊА ВО БОКС, НО ТОГАШ ПОСТОИ ШАНСА СИТЕ ВО ИСТО ВРЕМЕ ДА ЗАСТАНАТ ПО ПРОМЕНА. ТОА Е СЛОЖЕН ПРОБЛЕМ КОЈ Е ТЕШКО ДА СЕ РАЗБЕРЕ И СЕКОЈА ДОНЕСЕНА ОДЛУКА МОРА ДА Е СООДВЕТНО ПРОЦЕНЕТА. ИМАВМЕ РАЗГОВОРИ СО ВОЗАЧИТЕ НА ОВАА ТЕМА ИСТО КАКО И СО ФИА И ФОМ, НО НИКОЈ НЕМА МАГИЧНО РЕШЕНИЕ“, ЗАВРШИ ИСОЛА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг