Крш на берзите! Акциите губат, доларот паѓа! Сè пука поради апсењето на директорката на "Huawei"

Точка

06/12/2018

18:13

6.404

Големина на фонт

а а а

Светските финансиски пазари претрпеле денес нов удар по апсењето на високата челничка на кинеската телекомуникациска компанија "Huawei".

Германскиот индекс "DAKS" паднал рано утрово за 1,6 проценти на 11.024,04 поени, француски "KAK 40" за 1,5 проценти на 4.869,70 поени, а британски "FTSE 100" за 1,5 проценти на 6.818,32 поени. 

Во Азија, хонгконшкиот индекс "Hang Seng" паднал за 2,5 проценти на 26.156,38, јапонски "Nikei" за 1,9 проценти на 21.500,62 поени, јужнокорејски "Kospi" за 1,6 проценти на 2.068,69 поени, а шангајскиот композитен индекс за 1,7 проценти на 2.605,18 поени.

Акциите на азиските технолошки компании исто така се во загуба, при што акциите на јапонски "Nintendo" паднале за 4,1 проценти, на "Samsung" за 2,3 проценти, а на "ZTE" за 5,7 проценти.

Веста дека потпретседателката и финансова директорка на "Huawei", Менг Ванжу, е уапсена во Канада и дека и се заканува екстрадиција во САД, предизвикала пад на акциите. Таа била уапсена поради наводно кршење на американски санкции, изјавил неименуван извор на агенцијата "Reuters".

Апсењето на Менг можело да ги закомпликува трговските преговори меѓу САД и Кина, и потсетува дека официјален Вашингтон смета дека "Huawei" и другите кинески компании се можни паравани за кинеска шпионажа.

Американската "лесна" нафта поевтинила за долар на 51,89 долари за барел во електронското тргување на Њујоршката меркантилна берза, додека северноморската "брент" поевтинила за 99 центи на 60,57 долари за барел.

Доларот ослабел на 112,69 јени од 113,20 јени, а еврото стагнирало на 1,1343 долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг