Перез не е загрижен од доаѓањето на Строл

КРУГ.МК

06/12/2018

15:48

662

Големина на фонт

а а а

Серхио Перез не е загрижен за доаѓањето на Ленс Строл во Рејсинг Поинт Форс Индија затоа што смета дека пристигнувањето на младиот канаѓанец е направено во интерес на тимот.

Откако екипата и формално минатата недела откри дека Ленс ќе биде нивни возач за следната година, нешто што беше само прашање на време откако неговиот татко во август го превзема тимот. Сепак, многумина се сомневаат дека Чеко ќе добие иста шанса како синот на газдата кој ќе му биде колега.

„Не сум загрижен, не сум уплашен. во интерес на сите е, вклучително и сопственицитие да екипата биде успешна, а со тоа и нивната инвестиција. Во однос на тоа, сметам дека двата болиди ќе бидат исто силни“.

„Двајцата треба напорно да работиме и заедно да работиме за да напредува болидот и целиот тим. ние сме екипа и заедничкиот интерес е пред се“, посочи Перез.



Спонзорирани линкови

Маркетинг