Врховниот совет одлучил: Украина и Русија повеќе не се пријатели! Воените бродови добиле дозвола да пукаат

Точка

06/12/2018

16:36

4.235

Големина на фонт

а а а

Украинското собрание одлучило дека нема да го продолжи Договорот за пријателство и соработка со Русија по 1-ви април 2019-та година. Документот на заседанието денес го поддржале 227 пратеници, каде е потребен минимум од 226 гласови.

Претседателот на Украина, Петро Порошенко, во понеделникот на парламентот му го предал нацрт законот за раскинување на договорот. 

Порошенко во септември одобрил стапување на сила на одлуката на Советот за национална безбедност и одбрана за раскин на договорот. Притоа се објаснувало дека не станува збор за откажување, туку за решение да не се продолжува. Во случај на почитување на сите процедури, договорот престанува да важи од 1-ви април 2019-та година.

Советот исто така и дал дозвола на украинската воена морнарица без предупредување да пука и да одбие инвазија и напад на украински бродови. Овој закон стапува на сила ден по објавувањето.

Москва овој потег го нарекла деструктивен чекор и изразила жалење во врска со оваа одлука.

Русија и Украина во 1997-ма година потпишале договор за пријателство, соработка и партнерство. Договорот обезбедил стратешко партнерство на страните на "основа на принципот на взаемно почитување, суверена еднаквост, територијален интегритет, неповредливост на границите, мирно решавање на спорови, неупотреба на сила или закана со сила, вклучувајќи и економски и други методи на притисок". Периодот на важење е 10 години, по што следи автоматско продолжување, освен ако двете страни не бидат против тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг