Како храната влијае на вашето расположение и што може да направите да го подобрите тоа

Точка

08/12/2018

10:00

4.407

Големина на фонт

а а а

Кај сите се случува да има денови кога сме помалку расположени и едноставно не се чувствуваме добро во своја кожа. Причинители на таквата состојба може да бидат повеќе фактори. Понекогаш тоа се случува поради недостаток на одмор или пак недоволно време за да се наспиете. Но, повеќето од нас не се свесни дека еден од главните причинители за оваа состојба е храната која ја внесуваме, бидејќи храната има директвно влијаение на хормоните кои го регулираат нашето расположение и психичката состојба, како и на апетитот.

Нервоза и раздразливост

Има денови кога сме лесно раздразливи и лесно се нервираме. Честопати кога ни се случува да бидеме хиперсензитивни, не можеме да си објасниме точно од каде доаѓа таквото чувство. Кога не станува збор за конкретна причина, голема е веројатноста да е ваквото расположение последица на храната која ја консумираме во текот на денот. 

Доколку сте љубители на високо-процесирана храна, чипсови, слатки, тогаш тоа е фактор кој сигурно игра улога за оваа состојба. Телото се обидува да ја одржи рамнотежата на глукоза во крвта и кога внесуваме намирници кои се со обработени шеќери, организмот „страда“ обидувајќи се да одржи баланс во функцијата на мускулите.

Рафинираните шеќери многу брзо се разградуваат во нашиот организам и тој процес е причината за нагло зголемување на нивото на шеќер во крвта. Инсулинот, хормонот кој се ослободува со цел да ја апсорбира глукозата од крвта, го враќа нивото на шекерот во крвта во нормала.

Од причина што разградувањето и апсорпцијата на глукозата може да биде многу брз процес, повеќето луѓе чувствуваат глад. Всушност, ова нагло качување и опаѓање на шеќерот во крвта ни предизвикува во еден момент да се чувствуваме среќни и расположени, а веќе во наредниот момент да сме раздразливи и понервозни. 

За да се избегне оваа варијација, потребно е да внесувате протеини во поголемиот дел од вашите оброци. Не само што намирниците кои содржат протеин се подобра прихрана за телото, туку предизвикуваат и поспоро ослободување на енергијата. Подгответе си неколку помали оброци, како и здрави ужинки кои ќе може да ги консумирате помеѓу оброците.

Тука од голема помош може да ви бидат NuMe slim оброците кои се приготвуваат за минута и можете да ги носите секаде со себе. NuMe шејк или пак NuMe кранч се едноставен и здрав избор на оброк, особено за оние моменти кога немате време да си зготвите оброк. Тогаш всушност и се прават најголемите грешки кога станува збор за исхраната и посегнуваме по храна која брзо ќе не засити, а притоа не внесуваме хранливи материи.

Нелагодност и вознемиреност

Доколку сте љубители на кафе и редовно го консумирате, понекогаш може да почувствувате вознемиреност или нелагодност токму поради количеството на кофеин кое го коснумирате во текот на денот.  

Многумина не знаат дека кофеинот не го наоѓаме само во кафето, туку и во други напитоци, како што се енергетските пијалоци, па дури и во чоколадото. Кафето е всушност стимуланс кој не одржува будни и сконцентрирани. Многумина не можат да функционираат доколку не се напијат кафе во текот на денот и би им било тешко доколку мора во целост да го отстранат истото од своето секојдневие.

Доколку не можете да го замислите своето секојдневие без вкусот на кафе, а сепак се соочувате со горенаведените проблеми, може да се обидете со бескофеинско кафе или со NuMe шејкот од капучино, кој воедно ќе ви биде и еден оброк во денот бидејќи се состои од избалансирана комбинација на хранливи вредности, витамини, минерали и хранливи влакна. Колагенот кој е основната компонента на оваа храна, ги потхранува мускулите и додатно придонесува за поубав изглед и здравје на кожата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг