Таа е најобразованата дама во Холивуд и покрај себе има сопруг кој ја промени верата поради неа

Точка

06/12/2018

15:03

7.234

Големина на фонт

а а а

Натали Портман, чие вистинско име е Натали Хершлаг, родена е на 9 јуни 1981 година во Ерусалим. Уште од мала Натали ја засакала глумата, а посебниот талент ја издвои од сите други и така на 12 години ја доби првата улога во филмот "Leon", рамо до рамо со славниот Жан Рено.

Натали посетувала еврејско училиште, а филмската кариера во еден момент ја жртвуваше поради образованието. Можеби не сте знаеле, но Натали е една од ретките образовани дами во Холивуд. Завршила психологија на Харваврд, а притоа дипломирала на Еврејскиот универзитет. 

Покрај тоа што е факултетски образована, Натали течно зборува хебрејски и англиски, а разбира и француски, германски, јапонски и шпански. Таа посетувала и часови во Ерусалим.


Нејзината кариера е во подем од 2000 година, кога била забележана во филмот "Блискост". За улогата во овој филм била номинирана за Оскар, а освоила и Златен глобус.

Потоа нижела хитови како што се: "Star Wars", "V For Vendetta", "Goyas Ghosts", а во 2011 година ја добила престижната награда Оскар за филмот "Black Swan". Натали во овој филмски хит ја толкува улогата на професионална балерина, а патот за подготвување за оваа улога не беше ниту малку лесен.


"Тоа беше голем предизвик и имав огромна поддршка. Сите наставници, кореографи, режисери пред се ме обликуваа и ме туркаа кон тој пат. Започнав од основни балетски чекори, два часа дневно првите шест месеци. Наредните шест месеци, по пет часа дневно. Додадовме и пливање. Потоа два месеци по осум часа дневно. Физичката дисциплина ми помогна да ја совладам емоционалната страна на ликот. Животот на балерината е сличен на монашки живот. Тие не пијат, не излегуваат навечер, не јадат и константно го изложуваат телото на болки", рекла тогаш таа.


За време на снимањето Портман се запознава со сегашниот сопруг, балетски играч и кореограф Бенџамин Милпиј. Во декември 2010 година објавија дека се вериле и дека Натали е бремена.

Во јуни 2011 година парот го доби синот Алеп, а следната година се венчале на интимна еврејска церемонија во Калифорнија. Во 2007 ја добиле ќерката Амалија.


Бенџамин моментално е директор на балетот во Париската опера, а неодамна ја промени и верата поради својата сопруга.

Францускиот кореограф рекол дека му е важно да биде иста вера како и неговата сопруга и дека неговата сопруга не сакала да премине во јудаизам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг