Неверојатен скандал во Србија: Заменик градоначалник прегрнува и бакнува малолетно девојче - фотографиите објавени на Фејсбук

Точка

06/12/2018

21:41

18.352

Големина на фонт

а а а

На социјалната мрежа Фејсбук се појавиле фотографии на кои може да се види како 60-годишниот заменик градоначалник на српскиот град Бор, прегрнува и бакнува 15-годишно девојче.

Голем скандал изби во соседна Србија откако во јавноста се појавија фотографии на кои се гледа како 60-годишниот заменик градоначалник на Бор, Бранко Периќ прегрнува и бакнува 15-годишно девојче кое што овие фотографии ги објавило на социјалната мрежа Фејсбук.

Откако на социјалната мрежа биле објавени овие фотографии, од Периќ наводно веднаш била побарана оставка. Периќ после тоа наводно поднел оставка со образложение дека тоа го прави од лични, здравствени причини, а оставката која што ја прифатил градоначалникот сега треба да помине и низ градскиот совет.


Како што пренесуваат српските медиуми, досега јавноста во Бор имала високо мислење за Периќ кој бил сметан за коректен и пристоен човек. Тој не сакал да дава никакви коментари во врска со фотографиите, а за „Блиц“ изјавил дека најпрвин ќе се консултира со адвокат, а потоа ќе даде изјава.

Наводно Периќ рекол дека фотографијата од неговиот бакнеж со малолетничката настанала откако тој ѝ честитал на добро завршената работа. Тврди дека и со останатите ангажирани девојки се поздравувал на сличен начин.

„Имавме собир во локалниот Дом на култура и тука беа девојчињата кои што ја украсуваа салата. Влегов и видов дека добро ја завршиле работата, по што им честитав“, изјавил Периќ кој што рекол дека другата фотографија воопшто не е спорна.


Во целиот случај се вклучила и локалната полиција која што го истражува случајот.

„Девојчето негираше дека имало било каков однос со тој службеник. Овде нема елементи на казнено дело затоа што девојчето е постаро од 14 години. Според законот, ние немаме основа за започнување на постапка, а ако нешто се случувало, не било под присила. Меѓутоа, се чинеше дека малолетничката е добро подготвена и однапред знаеше што треба да одговори“, открил извор од локалната полиција за српските медиуми.



Спонзорирани линкови

Маркетинг