Сколс го „нападна“ Андер Ерера: Не заслужува да го носи дресот на Манчестер Јунајтед, ако…

Дерби

06/12/2018

13:19

1.654

Големина на фонт

а а а

Легендарниот поранешен фудбалер на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс, од недела во недела се повеќе ги напаѓа фудбалерите на клубот, а редовна мета е и тренерот, Жозе Мурињо.

Овој пат на „тапет“ кај Сколс беше Андер Ерера кој според Англичанецот не одиграл најдобар натпревар против Арсенал.

Сколс со остри зборови го „нападна“ Ерера и посочи дека не треба да биде во Манчестер Јунајтед доколку не знае да направи едноставни пасови.

- Мора да се запрашаме и за квалитетот на играчите. Рио праша дали Андер Ерера е во можност да му додаде на Погба? Ако не е способен да дели едноставни пасови на десетина метри, тогаш тој не треба да биде во овој клуб - коментираше Сколс за „БТ Спорт“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг