На радост на љубителите на боксот: Фјури – Вајлдер следната година на „Олд Трафорд”

Дерби

06/12/2018

12:22

1.082

Големина на фонт

а а а

Одлично подготвените боксери Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури изрежираа борба која фановите на боксот ќе ја паметат долго, а во бескомпромисната пресметка имаше добри моменти и за двајцата учесници.

За време во оваа борба за ВБЦ појасот, Вајлдер два пати го нокаутираше својот противник, но Фјури се враќаше во игра и тоа дефинитивно го шокираше Американецот. Откако борбата заврши без победник, изедначено Дионтеј Вајлдер остана сопственик на ВБЦ појасот во боксерската тешка категорија.

Според последните информации од Островот, се подготвува нова борба наредната година и тоа на ,,Олд Трафорд”, а во комбинација се и„Вембли“ и „Емирати“. Сепак шансите се на страната на ,,Трафорд” откако Фјури потврди дека е загреан за овој стадион, каде последен пат боксерска пресметка имаше во 1993 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг