Жолтите елеци жестоко му одговориле на Макрон: Предоцна се сетивте

Точка

06/12/2018

08:38

3.154

Големина на фонт

а а а

Француските демонстранти ја поздравиле одлуката на Емануел Макрон да се откаже од зголемувањето на даноците на горивото, планирано за следната година.

Сепак, тие велат дека тоа можеби нема да биде доволно да се намали гневот на јавноста. 

"Мислам дека одлуката е донесена предоцна", рекла за "AP" портпаролката на "жолтите елеци", Жаклин Муро.

Таа навела дека различни протестни групи сега ќе одлучат што ќе прават понатаму, но оценила дека многу е веројатно да останат при одлуката за понатамошни протести.

"Вчерашниот потег на Макрон е исправен, но мислам дека суштински нема да го промени курсот", рекла Муро.

Таа ги повикала демонстрантите да ја искористат слабоста на француската влада и да се заложат за други барања, како што е зголемување на минималната плата.

Антивладините протести почнале минатиот месец поради зголемување на даноците на горивото, но прераснале во протести од големи размери со широка низа обвиненија и гнев против Макрон.

Француската влада се откажува од зголемувањето на даноците на горивото во 2019-та година, кое претходно било суспендирано на шест месеци, соопштил вчера францускиот премиер, Едуард Филип.

Филип на пратениците во францускиот парламент им рекол дека од "владата се откажува од зголемувањето на даноците" и порачал дека владата е подготвена за дијалог.




Спонзорирани линкови

Маркетинг