Ова не е џип, туку тенк: Монструозен SUV со 707 коњски сили и цена од која ќе ви се заврти во главата

Точка

05/12/2018

17:39

6.385

Големина на фонт

а а а

Ултимативниот SUV во стилот на возилата од “Mad Max” е преработка на Jeep Wrangler Unlimited и може да се пофали со бруталниот компресорски мотор 6,2 V8 Hellcat.

Калифорниската компанија Rezvani Motors го претстави монструозниот Tank X – во развојот на овој „тенк“, од компанијата ја искористиле и фабрички ја тјунирале механиката на Jeep Wrangler Unlimited, теренец кој инаку е од средна класа.

Сепак, конструкцијата на Jeep Wrangled Unlimited е совршена за вакви преработки, па од Rezvani се погрижиле дури и да вградат делови од карбонски влакна.


За погон е искористен 6.2 V8 Hellcat агрегатот на Крајслер кој што со специјален компресор развива 707 коњски сили и 881 Nm максимален обртен момент. Силата преку 8-степенски автоматски менувач се пренесува на сите тркала, а оваа изведба е опремена со ЛЕД елементи, Head-Up дисплеј, навигација и екран чувствителен на допир.


За овој двотонски џип да може да сопре, од Rezvani вградиле дискови од 390 мм, а задниот диференцијал и централниот разводник се опремени со блокади.


Цената на овој ѕвер изнесува 259 илјади долари.




Спонзорирани линкови

Маркетинг