Мартина Димоска: Несекојдневно искуство во НАСА

Точка

03/12/2018

10:11

9.132

Големина на фонт

а а а

Во 2017 година, од 6ти до 8ми Ноември Мартина Димоска од Кичево присуствуваше на Обука за Радиација во NASA Ames Истражувачкиот Центар. На обуката NASA Invitation Only, биле поделени во тимови, а таа работела во Deep Space Radiation тимот.

Мартина вели дека не би навлегувала многу околу научниот дел, затоа што целите што биле постигнати може да ги проследат оние што навистина ги интересира на следниов ЛИНК.

Која е тајната на успешноста на Силиконската долина?

- Ќе кажам збор два околу самиот дух што го носи Силиконската Долина, а секако и NASA Ames истражувачкиот центар. Првично би напоменала дека Силиконската Долина има тенденција да ги храни луѓето. И тоа на неколку начини, не само физички. Насекаде каде што имав можност да отидам, дали беше тоа Google или LinkedIn, но исто така и NASA Ames, можам да кажам дека целта беше вработените да бидат среќни. Можеш во секое време да си ја земеш твојата пауза за ручек, имаш теретана и се што ќе посакаш од забава во chill зоната. Тајната зад продуктивноста на Силиконската Долина е тоа што ги држи вработените среќни и исполнети, а со тоа и креативноста вибрира на едно поинакво ниво.

Колку те промени оваа посета?

- Мислам дека комплетно се пронајдов, моментот штом стапнав таму, тоа беше тоа. Припаѓам во таа демографија на креативци што се толку свои, со чуден изглед и најинтересни хобија што можете да си ги замислите. Тие активно го истражуваат светот дали преку наука,патувања или хостинг на луѓе од различни култури во својот дом, ама душата им е закотвена во нај hi-tech местото каде што се раѓаат сите иновации и активно се сонува, и тоа на големо! Се запознав со неверојатни луѓе, со дел од нив соработувам и ден денес и мислам дека моето присуство таму и иницијативата да вложам се од себе додека претстоеше обуката ми го промени животот.


Која средба ти остави најголем впечаток?

- На пример ја запознав Флоренс Тан, заменик главен технолог во Директоратот за научни мисии во НАСА и со часови зборевме за спектрометрија и за Кјуриосити Роверот. Има преголеми познавања од многу домени во науката и е премногу инспиративна. Целам да бидам толку креативен научник.

Имаше многу интересни работи кои што можевме да ги видиме меѓу кои и:

Имаше ли некој настан што особено ќе го паметиш?

- Роверот Кјуриосити го прославуваше својот роденден на 5ти Август, денот кога слетал на Марс. Во чест на тоа, инженерите во NASA Goddard центарот го искористиле SAM инструментот за Кјуриосити да си отсвири среќен роденден на себе си секој 5-ти Август.

Што е она што најмногу го предизвика твоето љубопитство?

- Едно интересно познанство беше и тоа со Џејсон Дан, основачот на „Made in Space“ компанијата и имав прилика да разговарам со него за идните цели и мисијата на неговата компанија, како тие се справуваат со радиацијата и што ќе произведуваат во иднина. Но, најважното од се, мојот најголем интерес беше околу 3D принтерот што го лансираа и пристигна во Интернационалната Вселенска Станица во 2016 година. 


Зошто? Затоа што кога победивме на NASA Space Apps Challenge натпреварот во Скопје во 2014 година, работевме токму на 3D принтинг решение. Две години подоцна, Made In Space го изработи принтерот што го лансираа во вселената, а се предвидуваше дека ќе се случи уште кога работевме на хакатонот и добро бевме запознаени со потенцијалот на компанијата.

Зошто треба повеќе да се промовира науката?

- Беше неверојатно, уживав во секој момент колку и да беше предизвикувачки. Научив доста и многу ми е мило што ми пристапивте со интерес да го споделам моето искуство. Сметам дека треба да се промовира наука зошто го прави светот многу подобро место за живеење.

А.В.



Спонзорирани линкови

Маркетинг