„Македонија-Блокира“: Од синоќа зборот Македонија за Зоран Заев претставува кривично дело говор на омраза

Макфакс

02/12/2018

15:12

2.880

Големина на фонт

а а а

„Македонија-Блокира“ најостро ги осудува лагите и заканите на СДСМ во нивното вчерашно соопштение во кое луѓето кои беа синоќа на сенародниот македонски протест ги нарече маргинални групи и поединци и остатоци од режимот, а што е најстрашно, од СДСМ повторно се заканија со кривични пријави против учесниците на протестот за наводен говор на омраза, стои во реакцијата исрпатена од Единствена Македонија.

„Ова само по себе е скандал од хунтата на власт бидејќи на сенародниот протест во еден глас сите повикуваа на одбрана на светото македонско име, што значи дека од синоќа за Зоран Заев употребата на името Македонија ќе биде кривично дело говор на омраза.

Исто така, „Македонија-Блокира“ реагира на ноторната лага на СДСМ дека посетеноста била слаба иако пред Собранието имаше голем број присутни за разлика од собирите на СДСМ со т.н НАТО-журки кога СДСМ постави светски рекорд во посетеност во Охрид кога имаше само еден присутен на собирот на СДСМ“, стои во соопштението на Единствена Македонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг