Фјури и Вајлдер изрежираа борба за паметење, но и без победник

Дерби

02/12/2018

12:09

1.762

Големина на фонт

а а а

Дионтеј Вајлдер останува сопственик на ВБЦ појасот во боксерската тешка категорија откако неговата борба со Тајсон Фјури заврши без победник.

Одлично подготвените боксери изрежираа борба која фановите на боксот ќе ја паметат долго, а во бескомпромисната пресметка имаше добри моменти и за двајцата учесници.

Потешкиот, но и помлад Фјури два пати се најде подот и судијата му одбројуваше, но тој успеа да го неутрализира тоа со многу удари зададени на противникот во текот на сите 12 рунди. На крајот судиите испорачаа нерешен резултат, па веројатно и двајцата боксери ќе сакаат реванш.




Спонзорирани линкови

Маркетинг