Ако ви е здодевно на Земјата, тогаш Марс е вистинското место за вас!

Точка

01/12/2018

14:34

6.914

Големина на фонт

а а а

Ако тивката осаменост и убавина се нештата по кои трагате – тогаш за вас не постои ништо поубаво од површината на Марс.

Планетата Марс е позната како Црвена планета, но „ HiRISE“ камерите на НАСА, суптилните разлики во боите на нејзината површина ги претвораат во виножито од бои.

Во текот на изминатите 10 години, „HiRISE“ има направено фантастична колекција од висококвалитетни и научно корисни фотографии од Марс, кои поради својата висока резолуција, им овозможуваат на научниците да ги истражуваат карактеристиките на површината на планетата, безмалку како да се таму.

Ова се последните фотографии, направени во текот на август, септември и октомври, 2018-та година, кои ќе ви овозможат барем малку да избегате од Земјата.





Спонзорирани линкови

Маркетинг