ФОТО: „Македонија блокира“ протестира против уставните измени

Макфакс

01/12/2018

13:27

2.023

Големина на фонт

а а а

Кризниот штаб против промена на Уставот, зад кој стои партијата на Јанко Бачев „Единствена Македонија“ започна со протестите пред Собранието.

Пред законодавниот дом ечат патриотски песни, а собраните облечени во „жолти елеци“, бараат распуштање на власта. Тие ја интонираа македонската химна и порачаа дека ќе ја дочекаат и Новата Година тука и ќе постават шатори.

Ја критикуваа двојната ограда што беше поставена на булеварот пред Собранието, а кажаа и дека била исклучена струјата.

„Се уклучивме на ГТЦ но и од таму ни ја исклучија струјата. Отидовме во продавница купивме агрегат и сега имаме струја да зборуваме на говорница“, кажаа на протестот пред Собранието.

Околу Законодавниот дом се распоредени припадниците на полицијата, додека внатре се води дебатата за Уставните амандмани.




Спонзорирани линкови

Маркетинг