NuMe слатки и здрави десерти: Кога сакате да приготвите нешто брзо, а сепак здраво

Точка

01/12/2018

10:00

3.967

Големина на фонт

а а а

Голем дел од вас се запознаени со NuMe, нутриционистичката програма која им помогна на многумина во трансформацијата кон подобро „јас“. За оние кои не се информирани, повторно ќе кажеме неколку збора за NuMe.

NuMe е храна во чија основа се наоѓа колагенот како главна компонента на овие избалансирани оброци. Храната е богата со хранливи влакна, витамини и минерали. Велиме избалансирани оброци, што значи дека таа содржи и мало количество на јаглехидрати, се со цел - оброкот кој го консумирате, да содржи се што му е потребно на телото од хранливи материи.

Програмата NuMe е без глутен и не содржи ГМО. Во прилог, ви презентираме два вкусни рецепти кои можете да си ги направите многу брзо и едноставно.

NuMe бомбици 

За смесата се потребни:

- 70 гр. кокосово брашно. 
- 3 жолчки.
- Стевија. 
- NuMe French Vanilla растворена во 100 мл. вода. 
- 1 супена лажица кокосов путер. 
- 20 гр. кокосово млеко во прав.

 

Сето тоа се промешува и смесата се обликува во топчиња. Од оваа смеса излегуваат отприлика 65 топчиња. На крајот извалкајте ги во кокосово брашно. 

Нутритивни вредности: 

1 топче = 15 гр. 

- 12 калории. 
- 0,6 гр. протеини.
- 0,8 гр. јаглехидрати.
- 0,55 гр. хранливи влакна.
- 0,18 гр. масти.

Бели кокос штангли

Се пече тесто од: 

- 3 белки
- 3 супени лажици кокосово брашно
- 1/2 прашок за пециво 

Сето тоа се промешува и се пече на 200 целзиусови степени, околу десетина минути.

Се филува со: 

- NuMe French Vanila растворена во 100 мл. вода. 
- 3 матени жолчки. 
- Стевија по желба. 
- 1 супена лажица кокосов путер. 
- 20 гр. кокосово млеко во прав.

Сетоа тоа се промешува и се филуваат штанглите. Од оваа смеса излегуваат околу 12 штангли.

 

Нутритивни вредности на една штангла: 

- 80 КЦАЛ
- 5,8 гр. јаглехидрати
- 7,2 гр. протеини
- 4,1 гр. хранливи влакна
- 1,1 гр. масти.

NuMe протеински палачинки


За смесата се потребни: 

- 1 NuMe шејк од ванила.
- 1 јајце.
- 30 мл. вода. 


Ги промешувате состојките и ги печете палачинките. Овој рецепт е наједноставен. По желба може да додадете разно овошје, мед, јатки.



Спонзорирани линкови

Маркетинг