Кои модели се во финалето за автомобил на годината?

Точка

26/11/2018

21:48

5.043

Големина на фонт

а а а

Листата на кандидати за "Европски автомобил 2019" е скратена на седум имиња.

Изборот за најдобар автомобил на годината на Стариот континент, "European Car of the Year" влегол во нова фаза во која од првобитните 38 модели во трката за титулата останале само седум. 

Тука се: Alpine A110, Citroen CS Aircross, Ford Focus, Jaguar I-Pace, Kia Ceed, Mercedes A klase и Peugeot 508.

Веќе на прв поглед се гледа дека списокот на финалисти е многу разновиден, но и дека на него има најмногу модели од француски произведувачи - Alpine A110, Citroen C5 Aircross и Peugeot 508.

Тука има и еден електричен автомобил - Jaguar I-Pace, потоа чистокрвен "спортист" A110, и SUV моделот CS Aircross.

Од една од најпопуларните сегменти во Европа - класата компактен хечбек - присутни се Ford Focus, Kia Ceed, но и претставник на премиум произведувачот, Mercedes A Klase.

Листата ја заклучува новиот Peugeot 508 како единствен модел меѓу финалистите со лимузинска каросерија.

За признанието "Европски автомобил 2019" конкурирале сите модели кои се појавиле во барем 5 земји на европскиот пазар во 2018. година.

Автомобилот на годината ќе го одбере меѓународно жири составено од 60 автомобилски новинари од 23 европски земји.

Инаку, овој традиционален избор се одржува од 1964. година, а минатата година триумфирал "Volvo XC40".

Новиот победник ќе биде познат на 4. март 2019-та, пред почетокот на саемот за автомобили во Женева.




Спонзорирани линкови

Маркетинг