Џипси Кинг со големо срце – Фјури сите пари од мечот со Вајлдер ќе ги донира за бездомниците

Макфакс

26/11/2018

18:48

2.072

Големина на фонт

а а а

Поранешниот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури вети дека ќе ги даде сите пари (околу 8 милиони фунти) од мечот со Дионтеј Вајлдер за бездомниците.

Поранешниот шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, вети дека ќе ги даде сите пари (околу 8 милиони фунти) од мечот со Дионтеј Вајлдер за бездомниците.

Фјури, со прекар Џипси Кинг, го очекува вистински предизвик против Американецот следниов викенд во Лос Анџелес и најави дека е подготвен да ѝ го сврти грбот на Велика Британија ако победи в сабота. Но, тој вели дека парите ќе ги донира бидејќи сите заслужуваат да имаат покрив над главата и во исто време сака да им одржи лекција на неговите деца дека треба сами да ги заработат своите пари.

„Ќе ги дадам парите на сиромашните и ќе изградам домови за бездомниците. Мене, искрено, многу не ми требаат бидејќи не сум заинтересиран да станувам милионер или милијардер. Јас сум боксер и бизнисмен и, најверојатно, ќе завршам без денар кога нема веќе да боксувам. Вака барем ќе помогнам некого“, изјави Фјури.

Фјури има четири деца со својата сопруга Парис: Валенсија Амбер, Принс Џон Џејмс, Венецуела и Принс Тајсон Фјури Втори.



Спонзорирани линкови

Маркетинг