Раиконен: Веќе имам „пракса“ за заминување од Ферари

Макфакс

22/11/2018

20:35

1.368

Големина на фонт

а а а

Кими Раиконен инсистира дека не е тажен за заминувањето од Ферари бидејќи веќе има искуство да со напуштањето на најславниот и најстариот Ф1 тим.

Кими Раиконен инсистира дека не е тажен за заминувањето од Ферари бидејќи веќе има искуство да со напуштањето на најславниот и најстариот Ф1 тим.

Финецот, кој останува последниот светски шампион во црвениот болид, следната година ќе го смени местото со Шарл Леклер во тимот на Заубер, и му останува да ја одработи уште последната трка од сезоната во Абу Даби овој викенд.

И човекот, кој е познат за своето неизразување на емоциите, не изненади, велејќи дека веќе еднаш заминал од Ферари во 2009 година.

„Имам ’пракса’ во заминување, бидејќи еднаш веќе си отидов, така што тоа не е ништо ново. Не сум тажен бидејќи не гледам зошто би требал да бидам тажен. Ќе се видиме во боксот и нема да се сменат многу работи. Но, возбудливо е да почнуваш нова работа. Имав одлични моменти со тимот, со луѓето, но и тешки моменти бидејќи тоа е дел од бизнисот. Со нив освоив светска титула и двапати како тим“, вели Раиконен.

Финецот во моментот е на третото место во генерален пласман со 14 поени пред сонародникот Валтери Ботас на четвротото место и не е толку сигурен дека сака да остане трет.

„Тоа нема да ми го смени светот. Слушнав дека ако го освоиме тоа трето место ќе морам да одам на доделувањето на наградите. Тоа е негативна работа, бидејќи пак ќе треба да патувам. Но, ако се случи, тогаш нека биде така“, вели Финецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг