Американски турист посетил забранет остров: Не обраќал внимание на предупредувањата, и тоа го платил со животот

Точка

21/11/2018

19:39

10.136

Големина на фонт

а а а

Припадниците на племето на островот Северен Сентинел, убиле американски турист кој успеал да дојде до островот и покрај забраната.

27-годишниот Џон Чау му платил на локален рибар да го однесе до островот во индискиот океан, на кој е забранет пристап бидејќи припадниците на локалното племе се многу агрeсивни, а властите се обидуваат да ги заштитат. 

Како што соопштила полицијата, кога Чау стапнал на островот, го обиколиле жителите на островот и го убиле. Според друг извор, кога стапнал на брегот, кон него почнал да "врне дожд од стрели", а нешто подоцна го окружиле домородците и го задавиле.

Рибарите ден подоцна го пронашле неговото тело и гo пријавиле случајот.

Островот е под заштита за локалната популација домородци, за кои се претпоставува дека ги има околу 150, да биде заштитена од модерни болести.

Ова не е прв случај на напад на овие домородци на странци. Во 2006-та година двајца рибари закотвиле брод во близина на островот за да преспијат. Веднаш биле убиени.





Спонзорирани линкови

Маркетинг