Неверојатни рефлекси: Маж во последен момент ѝ го спасил животот на својата девојка

Точка

21/11/2018

18:11

4.856

Големина на фонт

а а а

Надзорната камера го снимила моментот во кој еден маж ја поместил девојката до него, кога забележал дека кон нив се приближува автомобил.

Имено, тој со ваквиот потег ѝ го спасил животот бидејќи автомобилот се забил во ѕидот позади нив. Видеото покажува маж кој ја повлекува девојката до него на страна во последниот момент и на тој начин ја оттргнал од ударот на возилото. 

Настанот се случил кон почетокот на ноември на непозната локација, а видеото многу брзо станало вирално. На почетокот од снимката се гледа како парот шета еден до друг потполно опуштен, а во следниот момент на нив налетува сив автомобил.

Се' уште не е познато дали тие претрпеле некаков облик на повреди, а исто така не е познато и како "завршиле" патниците кои биле во возилото.



Спонзорирани линкови

Маркетинг