Паниката поради Маша и Медо продолжува: Хистерија во Украина! Забранете го, тоа е оружје на рускиот свет

Точка

21/11/2018

15:47

3.421

Големина на фонт

а а а

Лариса Ницој, украински писател за деца, ја нарекла руската серија "Маша и Медо" оружје на рускиот свет, и побарала да се забрани нејзиното емитување на територијата на земјата.

Ницој потсетила дека британските медиуми веќе зборувале за "пропагандното влијание" на таа содржина и според нејзиното мислење , Киев прв би требало да се огласи по повод неприфатливоста за емитување на цртаниот филм. 

"Педагозите одамна меѓусебно дискутираат за таа цртана серија и се согласни дека таа не треба да се прикажува на украински деца, но во медиумите уште нема официјални изјави по тој повод", истакнала Ницој.

Таа исто така нагласила дека Русија со помош на тој цртан филм за себе создава слика на "мека и добронамерна земја".

Весникот "Times" претходно објавил текст во кој критичарите руската анимирана серија "Маша и Медо" ја оцениле како елемент на "пропаганда на Кремљ" и инструмент на "меката моќ" на Русија.

Весникот ги цитирал зборовите на професорот на Бакингемскиот универзитет, Ентони Глис, дека главната хероина на цртаниот филм е агресивна и одлучна, односно дека се однесува "путински".

Анимираниот филм "Маша и Медо" моментално на својот канал на ЈуТјуб на англиски јазик има повеќе од 4,2 милиони претплатници.




Спонзорирани линкови

Маркетинг