Писмото на Ајнштајн до својата сестра: Славниот физичар најавил доаѓање на мрачни времиња кои ја чекаат Германија

Точка

19/11/2018

20:29

4.240

Големина на фонт

а а а

Писмото на Алберт Ајнштајн до сестрата Маја продадена е на аукција за 39.360 долари. Во писмото од 1922. година, деценија пред нацистите да ја преземат власта во Германија, познатиот физичар стравувал за растот на национализмот и насилствата во неговата земја.

"Доаѓаат за нас економски и политички мрачни времиња", и напишал тогаш 43-годишниот Ајнштајн на својата сестра. 

Ова писмо го напишал додека бегал од Берлин по убиството на неговиот пријател Евреин Валтер Ратенау, германски министер за надворешни работи. Бидејќи полицијата го предупредила Ајнштајн дека тој би можел да биде следен, физичарот го напуштил Берлин и побегнал на непозната локација на северот на Германија.

"Ова писмо е специјално бидејќи во него Ајнштајн предвидел што ќе се случи за десетина години во Германија", рекол Мерон Ерен, основач на аукциската куќа "Kedem Auction" во Ерусалим, пишува "Deutsche Welle".

Иако на писмото нема адреса на испраќачот, експертите од аукциската куќа сметаат дека Алберт го напишал додека во германскиот град Кил чекал брод за Јапонија.

"Никој не знае каде сум. Сите мислат дека сум исчезнат", напишал Ајнштајн. "Добро сум, и покрај сите антисемитисти меѓу моите германски колеги".

Алберт Ајнштајн примил Нобелова награда за физика само три месеца откако го напишал ова писмо.

Идентитетот на личноста која го купила писмото не е познат. Нацистите во 1933-та година дошле на власт во Германија, започнале кампања против Евреите и вовеле антисемитски закони. Во тоа време, Ајнштајн предавал во странство. Се откажал од германското државјанство и емигрирал во Америка, каде живеел до смртта.



Спонзорирани линкови

Маркетинг